Тоyota враќа на сервис над 600.000 возила низ целиот свет

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата од Јапонија, Тoyota мора да отповика дури 645.000 автомобили низ целиот свет поради проблеми со воздушните перничиња. Од компанијата ќе се обидат да ги средат проблемите, но ќе им треба време.

Во моментов се врши сервисирање на возилата произведени од мај 2015 до март 2016 година. Се работи за автомобилите Toyota Prius, како и на кросоверите Lexys RX и Lexus NX.

Станува збор за сериозен проблем со оглед на тоа што воздушните перничиња би можеле да не работат при удар и да не ја понудат потребната заштита. Инаку, проблем не е директно врзан со воздушните перничиња произведени од Takata.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK