Toyota во Топ-10 највредните брендови во светот за 2018 година

ОБЈАВЕНО НА:

Списанието Forbes ја публикуваше својата глобална класификација на најскапите брендови во светот за 2018 година. Во првите десет видливо е дека доминираат технолошките компании.

Ова не е никакво изненадување со оглед на тоа што во последните години тие постепено ги зацврстуваат своите позиции и генерираат сè поголеми заработувачки.

Гигантите Apple (телефони и смарт апарати), Google (пребарување), Microsoft (софтвер), Facebook (социјални мрежи) и Amazon (онлајн малопродажба) доминираат во соодветените сектори благодарение на продуктите и услугите кои носат одлична заработувачка.

Силниот бренд помага да се стимулираат побарувачката и образувањето на цената. Петте играчи кои беа веќе споменати го прават тоа најдобро од сите други и поради таа причина тие ја оформуваат топ 5 класификацијата на Forbes. Заедно сите овие брендови се оценети на 586 милијарди долари, што е за 20 проценти повеќе од минатата година.

Број 1 е Apple, чиј бренд е со вредност од 182.8 милијарди долари– со 8% зголемување во однос на 2017 г. Верноста на фановите кон овој бренд и дава храброст на компанијата да предложи телефон со цена од над 999 долари, а се работи за јубилејниот iPhone X.

ТОП 10 КЛАСИФИКАЦИЈА НА FORBES

  1. Apple – 182.8 милијарди долари (8% пораст);
  2. Google – 132.1 милијарди долари (30% пораст);
  3. Microsoft – 104.9 милијарди долари (21% пораст);
  4. Facebook – 94.8 милијарди долари (29% пораст);
  5. Amazon – 70.9 милијарди долари (31% пораст);
  6. Coca-Cola – 57.3 милијарди долари (2% пораст);
  7. Samsung – 47.6 милијарди долари (25% пораст);
  8. Disney – 47.5 милијарди долари (8% пораст);
  9. Toyota – 44.7 милијарди долари (9% пораст);
  10. AT&T – 41.9 милијарди долари (14% пораст).
Следете не и на:

24AUTO NETWORK