Toyota веќе не е лидер: Топ-10 највредни автомобилски брендови во светот

ОБЈАВЕНО НА:

Mercedes Benz успеа да направи подобрување од три позиции во споредба со 2017 година, а во моментов редноста се искачи до 37.345 милијарди евра со што успеа да ја потисне Toyota од лидерското место во годишната класификација на Brand Finance за највредните автомобилски брендови во светот за 2018 година.

Со проценка од 37,150 милијарди евра Toyota се наоѓа на второто место во годишната класификација, додека на 3. место е BMW со 35.526 милијарди евра.

Во топ 10 на највредните автомобилски брендови влегуваат и Volkswagen (28.623 милијарди евра), Honda (18.814), Nissan (16.472), Porsche (16.199), Ford (14.702), Audi (12.710) и Chevrolet (10.900).

Според класификацијата на Brand Finance, со сериозно подобрување можат да се пофалат од Haval (16 позиција за 2018, 29 позиција за 2017), Tesla (19 позиција за 2018, 31 позиција за 2017), Aston Martin (24 позиција за 2018, 77 позиција за 2017), BYD (28 позиција за 2018, 72 позиција за 2017), Renault Trucks (57 позиција за 2018, 85 позиција за 2017) и други.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK