Саемот во Детроит закажан за јануари следната година е местото каде јапонскиот производител премиерно ќе го претстави спортскиот модел Supra.
Supra е моделот кој веќе подолго време е најавуван од страна на првиот човек на јапонскиот производител кој потенцира дека во нареднито период Toyota значително ќе ангажира ресурси на развој и комерцијализација на спортски автомобили.
Од Toyota се одлучија премиерата да ја направат на саемот во Детроит, место каде токму пред пет години Toyota го претстави FT-1 концептот кој е всушност предвесник на овој модел. Се најавува дека Supra ќе биде достапна во четири различни варијанти и тоа: основен модел, Supra GR, Supra GR Sport и Supra GRMN која ќе биде најмоќната варијанта од сите четири.
Овој модел кој има 50/50 дистрибуција на тежината и значително помала тежина, е развиен во соработка со BMW, па оттука и производството ќе се одвива во фабриката во Грац. Иако нема точни информации, се очекува во продажба да се појави во втората половина од следната година, а почетната цена се очекува да изнесува 60 илјади американски долари.