Toyota си изгради патека по примерот на Нирбургринг

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонскиот производител Toyota во својата матична земја отвори патека за тестирање, изградена по примерот на Нирбургринг.

Во рамките на новиот технички центар лоциран во Шимојама (Јапонија) Toyota ја отвори патеката која иако е со должина од само 5,3 километри ги има сите пропратни објекти како и славната германска патека.

Досега Toyota како и останатите светски производители најголем дел од своите возила ги тестира во Германија, а сега в овој технички центар во кој се вработени 50 лица, најголем дел тест возачи, ќе може самостојно да ги тестира возила без при тоа да плаќа големи суми за закуп.

Инаку овој технички центар треба во целост да биде готов до 2023 година, а покрај патеката тука се наоѓа и мини трибина, гаражи, сервисни боксови, канцелариско-административен центар, објекти за истражување и развој и слично.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK