Toyota се пофали – нето добивката порасна за 16%

ОБЈАВЕНО НА:

Инвеститорите во Toyota Motors имаат причина за радост. Како што објави во официјалното соопштение, Toyota забележа пораст на нето добивката од 18% за првата половина од оваа деловна година.

Според јапонскиот производител, нето добивката во дадениот период пораснала за 16% во споредба со истиот период минатата година па така за првите шест месеци Toyota инкасираше 10,96 милијарди долари на име добивка. Ова се должи пред се на значајните глобални приходи како и значителното намалување на фиксните и варијабилните трошоци.

Во истиот тој период, приходите се зголемиле за 3,9%. Земајќи го предвид овој тренд, Toyota сега ја зголеми планираната добивка за целата година на 20,3 милијарди долари што е пораст за нешто повеќе од 2,5 милијарди евра од иницијалната проценка на почетокот на годината.

Со овие финансиски перформанси јапонскиот производител останува на врвот во поглед на профитабилноста и покрај бројните повлекувања на возила во изминатиот период.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK