Toyota реши: И најпродаваниот автомобил во светот ќе се вози на струја

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Tоyоtа развива нова хибридна верзија на бестселерот Соrоllа. Ова го соопшува сајтот од Јапонија, Bеst Саr Wеb, повикувајќи се на свои извори. Сега на купувачите им се нуди Соrоllа Hybrid, но хибридниот погон е од таканаречените „меки“ и има за цел единствено спуштање на еко нормите.

Новата верзија ќе добие целосна големани на акумулаторната хибридна централа, која ќе може да се полни од надворешни извори. Колку ќе биде автономноста на новата Tоyоtа Соrоllа PHЕV, сè уште не е познато.

Најверојатно плагин хибридната верзија ќе може да иминува растојание од 50-60 километри само на струја. На пример Tоyоtа RАV4 PHЕV изминува 62 километри на струја со едно полнење, а потоа се вклучува моторот на бензин.

Треба да се напомене дека Соrоllа PHЕV веќе се продава во Кина, но оваа верзија е изградена врз претходната генерација на Соrоllа и e тесно поврзана со кинеската верзија на Tоyоtа Prius.

Од компанијата од Јапонија сè уште немаат објавено кога Tоyоtа Соrоllа PHЕV ќе влезе во продажба. Најверојатно тоа ќе се случи на крајот на 2021 година или на почетокот на 2022 година кога се очекува модификацијата да се продава ви во Европа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK