Најголемиот јапонски производител на автомобили Toyota заедно со јапонската аеронаутичка и вселенска истражувачка агенција JAXA објавија дека работат на возило за истражување на месечината.
Истото возило го носи називот Lunar Cruiser и е плод на долгогодишната заедничка соработка.
Станува збор за електрично возило со водородни горивни ќелии и погон на сите шест точки. Работен е по примерот на Land Cruiser па оттука и називот Lunar Cruiser.
Инаку Toyota и JAXA годинава, на 13 јули потпишаа и договор за заедничко истражување на месечината, па така, овој јапонски производител на автомобили ќе биде првата компанија од автомобилскиот сектор кој ќе ја истражува месечината.