Тоyotа размислува за утре, вклучувајќи ги и чевлите

ОБЈАВЕНО НА:

Од „енергетска “- гитара, до патиките 4x4, еве ги новите концепти кои ги прикажа јапонскиот бренд...

Освен автомобили, Тоyotа може да произведува и чевли, завеси или „вештачки нокти“. Можеби изгледа како предлог, но во реалноста концептите на производи што ги покажа јапонската компанија се чини дека се прв обид на брендот да влезе во нови сектори.

Овој прв дел од таканаречената „е-колекција“ прикажана од Toyota вклучува различни видови решенија посветени на работата или едноставно на слободното време.

Како да се живее подобро во градот
Да почнеме со ThinkTent, компактен шатор со соларна енергија што може да се постави за неколку минути за да се создаде мал работен простор, можеби во парк. Потоа, тука е ChirpM8, дигитално милениче дизајнирано да го опушти својот сопственик, дури и преку низа звуци како што се чврчорење на птиците.

Преминувајќи кон малку помалку футуристички (но сепак практични) решенија, тука е AdjusTable , игра со зборови што ја нагласува можноста за прилагодување на таблата (масата) на различни начини.

Така, можете да имате површина за ручек или вечера, работа или играње со вашите деца.

Гитарата што ја трансформира музиката во енергија
Меѓу најчудните концепти досега е DualGuitar. Секој шум (звук –тон), всушност, се претвора во чиста енергија, за да ја трансформира музиката во извор за напојување на главните уреди за домаќинството.

Директно од светот на теренските возила (можеби од Land Cruiser, знаејќи го брендот добро), тука се AWD патиките, „чевли со погон на сите тркала“.

Според компанијата, овие патики обезбедуваат дополнително држење на асфалтот и лизгавите површини.

Конечно, Toyota го претставува Notification Nails , вештачки нокти поврзани директно со паметниот телефон.

Во пракса, врвот на секој нокт емитува различна боја врз основа на добиеното известување, со што се избегнува постојаното проверување на вашиот уред. И тоа не е се.

Од Toyota уверуваат дека повеќе концепти од овој вид ќе бидат прикажани за помачлку од една недела, поточно на 12 декември.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK