Toyota RAV4 со седум седишта?

ОБЈАВЕНО НА:

Новата генерацијата на Toyota RAV4 која е изградена на платформата TNGA доби зголемување за три сантиметри меѓу оските во однос на својот претходник. Воедно се поставува и прашањето дали ова возило ќе има место за седум седишта.

Одговорот којшто се добива во моментов најавува позитивен епилог.
Потпретседателот на северноамериканскиот дел на Toyota, Џек Холис го потврдува ова во едно свое интервју.

„И покрај компактноста, RAV 4 може да се пофали со доволно голем простор. Секогаш има барање за поголем СУВ возила. Сепак, ќе мора да почекате за да видите дали на крајот ќе пуштиме возило со седум седишта“, изјави Холис.

Тој вели и дека во моментов RAV4 со седум седишта не е висок приоритет на компанијата и дека дека во понудата на компанијата веќе се наоѓаат неколку слични предлози за американскиот пазар.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK