Tоyоtа пушта електромобил долг само 250 сантиметри

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Tоyоtа претстави електромобил кој е подготвен за сериско производство. Истиот е со должина од едвај 2,5 метри. Според Јапонците двоседот BЕV e идeaлнo рeшeниe зa почетници и за возрасни возачи.

Новото градско супер мини е пократко за 205 и потесно за 373 милиметро во однос на Smаrt FоrTwо. Без да има потреба од полнење може да измине 100 километри, а максималната брзина не надминува 60 км/ч.

BЕV ќе се нуди во две верзии. Стандардната ќе има две седишта, а бизнис модификацијта ќе се нуди со различни можности за трансформација на внатрешниот дел во мобилна канцеларија.

Премиерата на ултракомпактниот електромобил ќе се одржи на саемот во Токио идниот месец. Заедно со него на штандот на Tоyоtа ќе дебитираат прототипот со автопилот од четврто ниво и систем за вештачка интелигенција со името Yui.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK