Јапонската компанија Toyota Motor Corporation објави дека продажбата на хибридни автомобили ја надминала границата од 10 милиони возила. На крајот од минатиот месец по 20 години производство кога излезе првиот хибрид на компанијата, па сѐ досега се продадени 10,05 милиони возила.
Според пресметките на TMC со појавата на хибридни возила и нивното користење е намалено испуштањето на CO2 за околу 77 милиони тони во споредба со бензинските мотори.
Во моментов Toyota на своите купувачи им нуди избор од 33 различни хибридни модели и модификации, што се продаваат во 90 земји во светот. Најпродавано хибридно возило е Prius со 4 милиони возила.