Огромен успех одбележува јапонскиот производител Toyota кој одбележа 10 милиони произведени и продадени примероци од Land Cruiser.
Land Cruiser за прв пат во понудата на јапонскиот производител доаѓа во 1951 година кога е претставена првата BJ генерација. Оттогаш па се до денес овој модел во континуитет е дел од понудата на Toyota произведувајќи се на повеќе локации ширум светот.
Токму во овие речиси 70 години Toyota успеа да ги продаде овие автомобили во повеќе од 170 земји ширум светот. Во оваа бројка се вклучени сите досегашни верзии и под-изведби на овој SUV.
Истовремено од Toyota објавија дека во Африка ја лансирале Namib изведбата од овој модел кој е со ретро дизајн од 80-те години.