Toyota Prius доби соларен кров

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонскиот производител Toyota покрај тоа што веќе неколку децении работи на развој на хибридната технологија, започна и со развој на систем за соларни ќелии.

За таа цел на моделот Prius веќе постави соларни ќелии на кровот, хаубата и задниот дел, а со помош на овие ќелии ќе се полнат батериите се со цел да се загарантира поголема автономија. Благодарение на овие соларни панели ќе се зголеми автономијата за речиси 7 километри.

Инаку Toyota веќе има понудено во понудата Prius со соларни панели, но истиот е достапен во САД и има далеку послаби перформанси од оние кои сега овој производител ги наведува кај новата соларна технологија.

Ова не е прв пат некој производител да тестира соларни панели на автомобили. Претходно годинава Hyundai и Kia развија три типа на системи на соларни панели, а Lightyear пред само неколку денови го лансираше првиот соларен автомобил.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK