Toyota ја претстави новата изведба на моделот Sienta именувана како Sienta Crossover.
Како што кажува и самиот назив, станува збор за кросовер изведба на моделот Sienta и истата, во поглед на екстериерот е дизајнирана од втората генерација на Sienta претставена во 2015 година.
Должината на овој модел изнесува 424 цм, а достапен ќе биде со пет и седум седишта.
Во понудата под хаубата доаѓа со 1,5 литарски бензински мотор со 109 КС, а тука е и помоќниот 1,8 литарски со 140 КС.
Во продажба доаѓа на почетокот на следната година, а ќе се продава само во Азија.

Следете не и на:

