Вредноста е проценета на 28,388 милијарди долари. Со оваа сума јапонска Toyota повторно е на првото место на рејтинг листата направена од BrandZ Top 100 на агенцијата Millward Brown. Јапонците ја загубија лидерската позицја во 2012 година кога и го отстапи местото на BMW, но веќе следната година повторно се врати н апрвото место и таму остана досега.
На второто место според Millward Brown е Mercedes Benz со 21,349 милијарди, што е за 9 отсто помалку од лани. На третото место е BMW со 20,517 милијарди долари (-12 отсто). Со проценета вредност од 11,350 милијарди долари (скок од 22 отсто) се наоѓа Tesla која на листата е само четири години.
Меѓу првите десет брендови се уште и: Ford (10,067 млрд., -10%), Honda (9.974 млрд., -15%), Nissan (8.658 млрд.), Audi (7.334 млрд.), Volkswagen (6.462 млрд.) и Porsche (5.606 млрд.). Во однос на минатогодишното рангирање сега во ова група го нема Nissan кој им апад од 18 отсто, и се должи најмногу на скандалот со Карлос Гон и на пандемијата од Ковид-19.
Сепак, цената на брендот нема никаква врска со пазарната капитализација на компаниите. Според овој параметар, најскапиот производител на светот со 190 милијарди долари е Tesla. За споредба, пазарната капитализација на Toyota која го зазема второто место, е 182 милијарди американски долари, а трета по рангот на Фолксваген – 75 милијарди долари.