Toyota повлекува уште 1,5 милиони автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Нема година, а да Toyota не повлече возило поради пропуст. Според последното соопштение на јапонската компанија, во наредниот период ќе бидат повлечени 1,52 милиони автомобили ширум свеетот.

Причината за ова масовно повлекување е поради фабричка грешка односно неисправност на пумпата за гориво поради што автомобилот може да изгасне и да не стартува повеќе.

Опфатени се повеќе модели меѓу кои: FJ Cruiser, Prado, Land Cruiser, Corolla, Camry, Kluger, HiLux, HiAce, како и неколку модели од брендот на Lexus.

Според соопштението на Toyota Motors, повлекувањето ќе го спроведат локалните дилери кои ќе ги променат и пумпите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK