Toyota повлекува неколку модели од понудата во САД поради Доналд Трамп

ОБЈАВЕНО НА:

Toyota сериозно размислува за повлекување од продажба на одредени модели доколку Доналд Трамп ја спроведе до крај својата намера за зголемување на царините за увозни автомобили.

Ова го поtврди извршниот директор на Toyota America, Џим Ленц кој додаде дека производителот во моментов анализира какви импликации би имале новите царини врз секој од постоечките модели во понудата на јапонскиот производител во САД.
“Можно е да ги зголемиме цените или да го стопираме увозот со што купувачите ќе имаат помал избор” изјави Ленц.

Најпопуларниот модел на Toyota, RAV4 се увезува од Кина и Канада, па оттука зголемената царина може драстично да ги зголеми продажните цени на RAV4 со што моделот би ја загубил конкурентноста во поглед на другите SUV модели од овој сегмент кои се произведуваат во САД.

Како друго решение кое Ленц го најави е зголемување на производството на Toyota во САД, нешто на што се надева и Доналд Трамп со што би се засилила американската економија. Сепак ова можно решение е и најтешко изводливо бидејќи за такво нешто пторебни се големи инвестиции.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK