Toyota повлече 3,4 милиони возила поради проблеми со воздушните перничиња

ОБЈАВЕНО НА:

И покрај репутацијата на најдоверлив и најдобар бренд во автомобилската индустрија, Toyota има една лоша “навика”, а тоа е повлекувањето на возила.

Поради проблеми со воздушните перничиња, јапонскиот производител повлече околу 3,4 милиони возила ширум светот, најголем дел од САД и тоа 2,9 милиони возила.

Повлечените возила кои се од моделите Corolla, Corolla Matrix, Avalon и Avalon HV, а најголем дел од нив се повлечени од пазарите во Северна, Јужна и Централна Америка, имаат потенцијален проблем од непотполно активирање или целосно неактивирање на воздушните перничиња поради што ја загрозува безбедноста на патниците.

ПР службата на Toyota соопшти дека нема никакви повлекувања на Toyota автомобили од пазарите во Јапонија и Европа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK