Toyota помага да најдете тоалет

ОБЈАВЕНО НА:

Ако сте во Јапонија, на автопат и итно барате тоалет, Toyota може да помогне. Автопроизводителот во апликацијата TC Smartphone Navigation додаде обемна база со податоци за над 19 илјади јавни тоалети низ целата држава.

Апликацијата за навигација го следи движењето на возилото, и корисниците кои ќе ја одберат функцијата за лоцирање на тоалет, ќе ги одведе до најблиску лоцираниот тоалет. При тоа, апликацијата обезбедува информација и дали тоалетот е опремен соодветно и за лица со посебни потреби, односно дали има пристап за инвалидска количка.

Базата опфаќа податоци за тоалети во близина на автопати, како и населени места, хотели, музеи и други јавни објекти. Системот е надградба на апликацијата Restroom Finder која беше вклучена во T-Connect и Lexus G-Link системите, но содржеше податоци за неколку области во Јапонија. Сега апликацијата е опсежна и функционира со iOS и Android оперативните системи и може да се користи и со други модели на автомобили, односно не е ограничена само на Toyota.

Единственото ограничување е што апликацијата е достапна само за Јапонија и е на јапонски јазик.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK