Јапонскиот магазин Nikkei пишува дека Toyota наскоро и официјално ќе го потврди отворањето на новата ќерка фирма која се занимава исклучиво со производство на електрични возила.
Новата компанија ќе ги користи знаењата на Toyota од оваа област, и сите расположливи ресурси. Целта е создавање на автомобил на електричен погон што треба да се појави до 2020 година. Јапонците сакаат овој автомобил да има автономија од 300 км. со едно полнење на батериите.