Автомобилите на Toyota одамна го имаат добиено епитетот на здодевни возила, но во исто време цврсти и исклучително сигурни машини. Фактите за зајакнување на овој имиџ се многу и воопшто не недостигаат. Сепак, понекогаш доказите се толку фрапирачки што ги доведуваат во прашање законите на механиката.
Состојбата во која оваа Corolla продолжува да се движи и противречи на секоја логика. Од она што може да се види заклучокот е дека практично нема останато здрав дел од возилотото.
Шасијата е искривена, вратата е навлезена длабоко во купето (клипот е снимен во Пакистан каде истата е од десна страна), а преку предната шофершајбна тешко се гледа што и да било. Сепак, очигледно ништо не може да ја запре неуништивиот јапонски автомобил.
Во 2016 година, аматерско видео на еден Пакистанец и искршената Toyota Corolla го обиколи светот и уште еднаш докажа дека јапонскиот автомобили умираат навистина тешко. Три години подоцна, ново видео докажува дека ова важи не само за моделите до преден пренос.
https://www.facebook.com/1320Videos/videos/452122952037071/
Toyota Motor Show во Мисури покажа Toyota GT86, која продолжува да се движи на свој начин во целосна спротивност со која било логика. Спортското купе се чини целосно уништено од страшниот страничен удар, од што може да се види дека не останал ниту еден здрав дел.
Од 417 Motoring Parts немаат информација што предизвикало таква магнитуда, но по некоја случајност моќниот пренос успеал да преживее.
View this post on Instagram
2019 FA20 with only 6,500 miles. $3,300 shipped #fa20 #trd #86 #frs #brz #gt86 #417motoringparts
Од огласите за продажба на деловите од веќе расечената Toyota станува јасно дека е произведена оваа година и успеала да помине 10.459 километри пред несреќата.