Првата половина од 2020 година помина, а сите продажни перформанси веќе се сумирани. Со самото тоа познати се и најпродаваните возила за првите шест месеци од годината.
Така најпродаван модел, по којзнае кој пат е Toyota Corolla. Овој модел на јапонскиот производител е продаден во 502.949 примероци што е единствен со продажба над половина милион. На втората позиција следи камионетот Ford F-series со продадени 434.791 продадени примероци.
На третата позиција се наоѓа уште еден модел на Toyota. Станува збор за моделот RAV4 кој иако оствари пад на продажбата од 4,4% во споредба со првата половина минатата година, продадените 425.800 примероци се доволи овој модел да се најде на третата позиција. Во топ пет најпродавани возила на глобално ниво се наоѓаат уште Honda Civic и Chevrolet Silverado.
Од петтата па се до десетата позиција се наоѓаат уште и: Honda CR-V (292.193), RAM (283.672), Toyota Camry (275.360), VW Tiguan (261.874) и VW Golf (215.084) кој и натаму е европски бестселер.