Како дел од намерата да помогне во што побрзо ширење на електрификацијата на автомобилската индустрија, од Toyota размислуваат за делење на нивната технологија со ривалите. На тој начин ќе се забрза производството на возила со чиста емисија на издувни гасови.
Според последните изјави од компанијата постои размислување за продажба на нивната хибридна технологија со бензинските агрегати, па дури и размислување за целосно продавање на погонските делови на ривалите.
Со оглед на се построгите емисии на штетни гасови и развојот на електрични возила со подолг дострел на движење, ваквата одлука на Toyota околу продажба на нивните делови за многу производители ќе биде добредојдена.
Во моментов многу делови што се прават и вградуваат во Toyota може да се користи само за возилата на овој јапонски бренд. Од Toyota сакаат да имаат делови што заедно би ги развивале со своите доставувачи, но истите би биле достапни и за другите производители. Во минатото многу од хибридните технологии беа компатибилни со другите возила, па затоа и неможеа да се користат.
Toyota во делот за развој и истражување лани потрошиле 73 отсто повеќе во однос на 2010 година, односно околу 9 милијарди долари, додека VW потрошиле двојно повеќе за истиот период. Така сите компании ќе може да се задржат само на сопствениот развој.