Toyota ќе инвестира 500 милиони евра во автономни возила со Uber

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонскиот производител на автомобили Toyota планира да вложи речиси 500 милиони долари во Uber со што ќе го збогати сопственото портфолио и ќе влезе во нов проект за развој на автономни автомобили со американската компанија.

Од Toyota соопштија дека партнерството би вклучило масовно производство на автономни возила кои потоа ќе бидат вклучени во големата мрежа на Uber и истите ќе се користат како возила за нудење на превоз. Аналитичарите сметаат дека на тој начин двете компании може да го достигнат нивото на своите конкуренти на пазарот на автономни возила.

Според заедничкото соопштение за јавноста и инвеститорите, технологијата за автономните возила развиена од страна на двете компании ќе биде интегрирана во Toyota автомобилите, а основен модел ќе биде Sienna Minivan. Тестирањата на оваа технологија ќе започне на почетокот на 2021 година.

Овој договор помеѓу Toyota и Uber во целост се проценува на неверојатни 72 милијарди американски долари, а доаѓа и по фактот што американсата компанија бележи континуиран раст на загубата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK