Toyota ќе ги донира своите патенти за хибридната технологија

ОБЈАВЕНО НА:

Не само лидер во хибридната технологија туку и вистински хуманист – јапонскиот производител Toyota со невообичаен потег ги изненади своите конкуренти. Како што пренесуваат јапонските медиуми овој производител во целост, на сите производители на располагање ќе ги стави сите 23.740 патенти кои се во сопственост на Toyota, а се однесуваат на хибридната технологија и хибридните автомобили.

Целта на јапонскиот производител е со овој потег да придонесе кон зачувување на животната околина со тоа што многу повеќе производители ќе се решат да произведуваат хибридни автомобили и тоа благодарение на бесплатните патенти поврзани со оваа технологија.

Од друга страна, нескриена е целта дека со ова Toyota сака да ги прекине инвестициите на останатите компании на ова поле плашејќи се дека можеби некој друг производител ќе дојде до иновација на ова поле.

Ова не е прв пат авто производител да се одлучи на ваков чекор. За потестување пред неколку години Маск се реши да ги стави на располагање и патентите и иновациите на Tesla, но овој потег не привлече големо внимание.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK