Компанијата Tоyоtа плaнирa да произведе околу 9,2 милиони автомобили во текот на 2021 година. Според Nikkеi тоа ќе биде рекорд за производството на автомобили во текот на една година, како за самата Tоyоtа, така и за сите производители од Јапонија.
Ако биде постигната бројката од 9,2 милиони возила, тоа ќе биде за 17% повеќе од автомобилите, кои јапонскиот бренд ги направи во 2020 година (и со 2% повеќе од 2019 година). Зголемувањето на обемот на производството, сепак, се должи на очекуваното закрепнување на побарувачката на автомобилските пазари во Јапонија, Кина, САД и Европа.
Обично ваквите планови за годината се подготвуваат на крајот на декември, но недостатокот на делови и материјали се одразува на работата со доставувачите и ја принуди Tоyоtа дa го разгледа уште еднаш планот за производство.
Претставник на брендот пред изданието изјави дека плановите сè уште можат да бидат изменети, но се очекуваат проблеми со достапноста на чиповите до март. Tоyоtа очекува продажбите да останат стабилни бидејќи почна вакцинирањето во многу земји, а случаите со Ковид 19 почнаа да се намалуваат.