Toyota ја покажа – ова е новата Corolla седан

ОБЈАВЕНО НА:

По бројни тизер фотографии и најави, Toyota конечно ја претстави седанската изведба на дванаесеттата генерација од моделот Corolla.

Премиерата на седанската изведба доаѓа откако претходно беше претставена хечбек и караванската изведба на Corolla, а со седанската изведба се заокржува понудата на Corolla која во наредниот период ќе биде носечки модел во понудата на Toyota.

Новата Corolla се базира на TNGA (Toyota New Global Architecture) платформата која ја користи и хечбек изведбата како и моделите C-HR и Prius. Екстериерот е многу сличен на рендерите кои последните месеци беа лансирани на интернет. Сосема очекувано, внатрешноста е идентична како и кај хечбек моделот.

Toyota Corolla sedan

Комфорноста на која воопшто не е штедено може да се огледа во меѓуоскиното растојание од 2.700 мм кое учествува во вкупното растојание од 4.640 мм. Според објавените карактеристики, ширината изнесува 1.780 мм оддека висината 1.435 мм.

Новата генерација доаѓа и со нов систем за навигација, 18 инчни алуминиумски тркала, подобрена звучна изолација во кабината, нови седишта како и бројни системи за безбедност и помош при возењето. Тука секако е и Android Auto и Apple CarPlay апликациите кои се дел од инфотејнменот на Toyota.

Toyota Corolla sedan

Во понудата се очекува да бидат истите мотори достапни кај хечбекот меѓу кои и 1.8 и 2.0 литарскиот. Кон крајот на следната година понудата ќе се зголеми и за хибридна изведба со 1.8 литарски бензински мотор и електромотро со вкупно 122 КС.

Toyota Corolla во сериско производство ќе влезе во првата половина следната година, а иако е рано за продажната цена, се смета дека почетната цена на овој модел ќе изнесува околу 20 илјади американски долари за основниот модел.

Инаку овој модел важи за најпродаван автомобил во историјата на јапонскиот производител. За прв пат е лансиран во 1966 година и оттогаш па се до денес во континуитет се произведува во фабриките на Toyota.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK