Toyota измисли нов катализатор

ОБЈАВЕНО НА:

Заедно со производителот на делови Denso, јапонскиот производител на автомобили Toyota во својот модел LC500h од луксузниот бренд Lexus ќе го претстави новиот катализатор. Тој ќе биде 20 пати помал од досегашните катализатори, а ќе има исти резултати.

Пронаоѓањето на нов катализатор што е повеќекратно помал е особено важен бидејќи при неговото производство се користи платина, редок метал што е доста скап. Дури една третина од светските залихи на платина се трошат за производството на делови за автомобили.

Овој катализатор што сега ќе се вградува во Lexus LC500h набрзо ќе почне да се користи и во другите модели на Lexus и на Toyota. Неизвесно е дали овој катализатор ќе се користи и во другите автомобилски брендови, бидејќи тоа зависи од компанијата Denso.

Оваа компанија е четврти најголем производител на делови во светот. Во таа компанија 25 отсто од акциите ги поседува Toyota.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK