Toyota има спортски кросовер со цена под 15.000 евра. Ќе дојде ли во Европа?

ОБЈАВЕНО НА:

Новата Toyota Starlet Cross дебитираше во Јужна Африка, но според Јапонците ќе биде глобален модел. Младешкиот кросовер се продава по цена од 16.000 долари (14.761 евро)

Кросоверот Toyota Starlet Cross е „глобална“ верзија на моделот Taisor, кој пак се базира на Suzuki Fronx. Сите овие автомобили се произведуваат во фабриката на брендот во Индија. Starlet Cross наскоро ќе се појави и во други земји.

Новата Toyota Starlet Cross е мал четириметарски купе-кросовер со наведнат покрив. Има малку надуени браници и LED оптика. Стандардно во кабината е инсталиран екран на допир (неговата дијагонала може да биде 7 или 9 инчи). Волуменот на багажникот е 308 литри.

Основниот кросовер Toyota Starlet Cross има клима уред, темпомат и камера за возење во рикверц. Највисокото ниво на опременост XR, додава пристап без клуч, климатроник, камери со опкружувачки поглед, headup дипслеј и безжично полнење на паметни телефони.

Ако Toyota Taisor има широк опсег на мотори, Starlet Cross е достапен само со 1,5-литарски бензински мотор со капацитет од 105 коњски сили. Има избор помеѓу 5-брзински мануелен и 4-брзински автоматски менувач, но автомобилот е само со погон на предните тркала.

На кои пазари ќе се појави засега е нејасно, но веројатно повеќе ќе бид енаменето за земјите во развој.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK