Toyota со новата верзија на компактниот миниван Sienta под името „Juno“ одговара на сè поголемиот тренд на „камперизација“ во Јапонија. Со помош на Modellista, Toyota ја трансформира Sienta во возило што може да се претвори во место за одмор, канцеларија или дури и мобилна спална соба.
Новата „Juno“ верзија се базира на хибридниот модел Sienta Z и доаѓа со отстранета трета редица седишта, а на нејзино место има прилагодлив простор со пет модули на мебел.
Понудени се четири тематски пакети:
Chill – за релаксација
Refresh – за краток одмор и подмладување
Focus – како мобилна канцеларија
Comfort – за максимална удобност и ноќевање
Купувачите можат да ги купат модулите поединечно или во пакет. На пример:
* Работна маса: околу 300 долари
* Странична маса: 220 долари
* Перници: 140 долари
* Воздушен душек (опционално): 150 долари
Целосните пакети се движат од 1.100 долари до 2.200 долари.
Интериерот е опремен со 6 LED светла на таванот, специјални патосници и Juno амблем. Седењето е обложено со материјал отпорен на вода, масло и непријатни миризби, достапен во три бои: црна, беж и каки.
Toyota Sienta Juno чини:
*Околу 24.800 долари за верзијата со погон на предни тркала
* Околу 26.100 долари) за E-Four со погон на сите тркала
Новитет е и вклучувањето на безбедносни системи како:
* Електрична паркирна сопирачка
* Автоматска клима
* Адаптивен темпомат
* Поддршка за итни ситуации на возачот
* Систем за помош при управување
* Вграден регистратор на возење (освен кај базичната верзија X)
Со овој потег, Toyota не само што го следи трендот на микрокемпери, туку отвора сосема нова перспектива на употреба на компактните минивани – како дневни простории на тркала.
Дали вакви решенија би имале потенцијал и на европскиот пазар?









