Toyota и Panasonic заедно ќе развиваат и произведуваат батерии за EV

ОБЈАВЕНО НА:

Точно пред една година Toyota и Panasonic објавија дека заедно ќе започнат со развој и производство на батерии наменети за електричните автомобили.

Сега, по една година, и официјално јапонските гиганти ја создадоа заедничката компанија Prime Planet Energy and Solutions во која Toyota поседува 51% од сопственоста додека преостанатите 49% се во сопственост на Panasonic.

Токму оваа компанија ќе биде задолжена за истражување и развој на електричните батерии како и производство на истите, а примарен корисник ќе биде токму Toyota и најавените електрични автомобили на овој производител. Покрај во возилата на Toyota, овие батерии ќе бидат користени и кај Daihatsu како и пријателските компании Mazda и Subaru.

Со работа оваа компанија официјално стартува во април годинава, а седиштето и центарот за развој и производство се наоѓа во Јапонија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK