Toyota и Nissan привремено го стопираа производството

ОБЈАВЕНО НА:

Toyota и Nissan се последните во низата производители кои привремено го прекинуваат производството на автомобили. Причината за овој потег е недостатокот на клучните компоненти кои се користат во производството.

Toyota почнувајќи од 22 март го прекинува производството во својата фабрика во Колин, Чешка, а прекинот ќе трае две недели со можност за продолжување. Причините за прекинот е недостатокот на полупроводници.

Nissan пак, го намалува интензитетот или привремено сопира производство во своите фабрики во САД поради недостаток на чипови за автомобилите. Значително е намалено производството во фабриката во Тенеси каде се произведуваат Rogue, Maxima и Leaf. Јапонскиот производител привремено го прекина производството во фабриката во Мисисипи каде се произведува Altima.

Кризата со недостатокот на чипови и полупроводници се очекува да трае и во текот на летото.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK