Toyota го забрзува развојот на електричната понуда (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Toyota е еден од предводниците на електрификацискитe мотори, но кога станува збор за батериските електрични возила (BEV) јапонскиот див малку заостанува зад конкуренцијата. Во Toyotа биле прилично внимателни па на другите им дозволиле да ги истражуваат патеките на BEV. Сега можеби и малку задоцниле, но тоа имаат намера брзо да го исправат.

Поточно, Toyota планира до 2025 година да продаде околу 5,5 милиони електрични возила, но уште поважна е веста дека Јапонците наводно до другата половина на следната година планираат да развијат батерија со течен електролит, кој ќе се вградува во возилата на Toyota наменети за Олимписките игри во Токио во 2020 годуна. Засега не е познато кога тие батерии ќе се најдат во сериското производство односно во сериските возила.

Забрзаниот план на Toyotа за развој на електричната понуда сега подразбира достигнување на споменатите бројки за продажба пет години порано, а причината за забрзувањето е растот на достапноста и популарноста на BEV во светот. Тоа никако не значи откажување од водород, па во Toyota се надеваат дека од 5,5 милиони продадени електрични возила, околу еден милион ќе имаат погон на горивни ќелии.

Јапонците развиваат и посебна EV платформа која се базира на постоечката платформа TNGA. Новата платформа под ознака e-TNGA ќе биде основа на неколку главно компактни, но и големи модели. Во план се кросовери, СУВ, лимузини и MPV, со погон на предните, задните, но и на сите четири тркала. Поголем дел од овие автомобили ќе биде таканаречениот глоббален модел односно ќе се продава ширум светот, па така и на европскиот пазар.

Toyota објави фотографии од тие возила, а ги карактерризира динамичен, модерен и единствен дизајн, долго растојание меѓу оските, камери место ретровизори и слично.

За да успеат во оваа идеја за брзо ширење на понудата Toyota договори соработка со нови партнери како кинескиот производител BYD или снабдувачот со батерии CATL и слично.

Исто така Toyota работи и на развој на новата генерација на електрични возила наменети за користење на пешачки површини, а се работи првенствено за возила за постари лица и инвалиди.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK