Toyota го претвори миниванот Proace во кампер

ОБЈАВЕНО НА:

Toyota направи нова верзија на миниванот Proace за љубителите на рекреација во природа. Автомобилот е опремен со сѐ што е потребно за кампување, вклучувајќи широк кревет, кујна и мијалник и возилото веќе се нуди на пазарот во Германија.

Во преработката на миниванот учествувала специјализираната компанија QUQUQ. Кaмп возилото може да биде нарачано со пет или седум седишта. Во стандардната варијанта во багажникот на возилото има кујнски блок со шпорет, мини миjалник, садови и резервоар за вода.

Со доплата на клиентите им се нудат маса на преклопување и столици, шини за багажник на покривот и специјален надворешен шатор Dachzelt ARB Simpson III. Вкупната цена за дополнителни опции чини околу 5.000 евра. Самиот Proace во стандардна изведба во Германија се продава за 35 000 евра.

Слични автомобили за туристи во Германија нудат уште Mercedes-Benz и Volkswagen, но нивните верзии не се со дополнителен сет на опрема, а специјални автомобили создадени во фабрички услови се со доста повисока цена.

Од конкуренцијата понудата н аслични возила се Mercedes-Benz V-Класс Marco Polo, и Volkswagen. California.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK