четврток, 25 декември, 2025 година

Toyota го претстави новиот RAV4 во Јапонија – шеста генерација со повеќе хибридна моќ и „интелигентна“ технологија

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Toyota официјално ја лансираше новата, шеста генерација на RAV4 на домашниот јапонски пазар. Моделот останува верен на слоганот „Life is an Adventure“, но сега е развиен околу три клучни столба: диверзификација, електрификација и интелигенција. Новиот RAV4 продолжува да го комбинира градскиот карактер со сериозни off-road можности, прилагодувајќи се на различни стилови на живот.

Под „Diversification“, гамата нуди три јасно различни стилови: елегантниот Z, авантуристичкиот Adventure и спортски ориентираниот GR SPORT, кој ќе пристигне подоцна во 2026 година. Z верзијата има преден дизајн со моќен настап, во боја на каросеријата и тридимензионална маска, додека Adventure добива поработен изглед со висок нос, проширени браници и внатрешност со минерално зелени тонови, камуфлажа и контрастни детали.

- Advertisement -

Во делот „Electrification“, новиот RAV4 стартува со хибрид (HEV), а во рамките на истата година ќе се приклучи и нов plug-in хибрид (PHEV). Хибридниот погон се потпира на 2,5 литарски реден четирицилиндричен бензинец и електромотор заедно со вкупна системска моќност од 177 kW (околу 240 КС). Погонот E-Four (електричен 4×4) овозможува распределба на влечната сила од 100:0 до 20:80 меѓу предната и задната оска, што обезбедува силно забрзување и стабилност во свиоци. Дополнително, тука се и TRAIL и SNOW режими, кои со кочење на вртечките тркала и пренасочување на вртежниот момент помагаат при возење по кал, нерамнини или снег.

„Intelligence“ делот се потпира на новата софтверска платформа Arene, која првпат се користи во RAV4. Таа стои зад најновата генерација на Toyota Safety Sense и целосно новиот кокпит со напредни кориснички интерфејси. Arene овозможува побрз развој и надградба на функциите, а во иднина ќе поддржи и истовремено ажурирање на повеќе системи, како и персонализација според потребите на секој поединечен клиент. RAV4 така станува стартна точка за Toyota во областа на Software-Defined Vehicle – автомобил чија функционалност се развива преку софтвер.

Дизајнот и практичноста остануваат типично „RAV4“: должина 4.600 мм., ширина 1.855 мм. и висина 1.680 мм. (Z), односно малку поширок и подолг кај Adventure. Просторот е оптимизиран без зголемување на надворешните димензии. Багажникот е проширен на 749 литри според VDA – 16 литри повеќе од претходната генерација – а со намален наклон на подот при преклопени задни седишта се добива порамна и поупотреблива товарна површина за подолги предмети.

Во кабината Toyota воведува неколку решенија што првпат се појавуваат во модел на брендот: нов color head-up дисплеј со накосена проекција и три режима (Full, Standard, Minimum) за различно количество информации, како и Electro-Shiftmatic – еднонасочен, „by-wire“ менувач што комбинира рачка, електрична паркирна кочница и Brake Hold во еден компактен модул. Целта е почист кокпит и помалку движење на раката и погледот на возачот.

Toyota Safety Sense добива проширен опсег на работа: системот Pre-Collision Safety побрзо ја препознава наглата декелерација на возилото напред, гледа возила што излегуваат зад други возила на крстосници и работи и при свртување, не само при директно движење. Адаптивниот темпомат Radar Cruise Control порано ги „забележува“ околните возила и нивните трепкачи, за порамно приклучување и следење во густ сообраќај. Новост е и функцијата за безбедно запирање до раб на пат, која во случај на здравствен проблем кај возачот го успорува и запира возилото, вклучувајќи ги и трепкачите за предупредување.

Технолошкиот пакет го заокружуваат Panoramic View Monitor со 3D приказ на околината, стандардниот 12,9 инчен централен екран со побогата графика и побрза гласовна контрола – одговорот на системот е приближно три пати побрз од порано, што овозможува полесно управување со навигацијата и климата во возење.

Во Јапонија, новиот RAV4 стартува со хибридни верзии Z и Adventure, со препорачани цени од 4,9 милиони(околу 26.800 евра) и 4,5 милиони јени (околу 24.600 евра), со планиран месечен обем од околу 3.000 возила.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја