Близу 10.000 сопственици на Tоyоtа RАV4 ќе треба да ги посетат сервисите на јапонскиот бренд за отстранување на можен дефект на детали во суспензијата, кој открива ризик од судир и загуба на контролата над управувачот.
Според Националната служба за безбедност на сообраќајот на патиштата на САД (NHTSА) „на предните долни носачи може да има пукнатини, кои може да доведат до одделување од тркалото“.
Дефектот изгледа се појавува особено остро при „често забрзување и ретко запирасње“.
Проблематичните носачи се изработени од Nippоn Stееl Соrpоrаtiоn и се монтирани на 9.502 RАV4, произведени меѓу 25 септември и 29 октомври во 2019 година. Засега недостига информација дали се засеганти и кросоверите продадени во Европа.