Toyota го најави електричниот X Prologue

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонскиот производител Toyota и објави тизер фотографија од моделот X Prologue. Се работи за целосно електричен SUV модел чија премиера ќе се случи на 17 март.

Со премиерата на овој модел всушност стартува новата ера во бизнис делувањето на Toyota која ќе ја акцентира електрификацијата на понудата. Според последниот план, до 2025 година треба да бидат претставени повеќе од 60 нови електрични модели, а заклучно таа година се очекува продажбата на хибридни и електрични возила да имаат 70% удел во вкупната продажба на Toyota.

Засега не се познати никакви детали за овој модел. Единствено се знае дека се користи e-TNGA платформата која Toyota ја развиваше заедно со Subaru, а која ќе се користи во наредните години и кај сите останати електрични модели на јапонскиот прозиводител.

За овој модел Toyota лансираше и интернет сајт на кој ќе се прикажува премиерата, а исто така таму ќе бидат објавени сите информации за X Prologue. На интернет сајтот може да пристапите ТУКА.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK