Научниците ја осудуваат промоцијата на возилата со водород од Toyota за време на Олимписките игри во Париз [to ќе се одржат од 26 јули до 11 август.
Водородните возила ја одложуваат енергетската транзиција и Toyota не треба да ги промовира за време на Олимписките игри (ОИ) во Париз, проценуваат околу 100 научници во отворено писмо.
Околу 500 возила Toyota Mirai на водород ќе бидат промовирани за време на Олимпијадата, а ќе служат како такси кон крајот на Игрите. Околу 10 автобуси ќе превезуваат спортисти.
„Промоцијата на автомобили со водород е научно во спротивност со глобалните цели за намалување на емисиите на стакленички гасови и ќе го наруши имиџот на Олимпијадата“, предупредуваат научниците во отвореното писмо до Меѓународниот олимписки комитет.
„Toyota веќе долго време промовира водород, но тие само сакаат да ја одложат транзицијата кон електрични возила“, изјави за АФП Дејвид Себон, професор по машинско инженерство на Универзитетот во Кембриџ.
Според него, тоа е многу цинична стратегија за одложување на една од најмоќните компании во светот.
Светскиот производител на автомобили број 1, Toyota е далеку зад развојот на електрични автомобили, претпочитајќи хибридни модели. Исто така, таа е една од ретките марки во светот, заедно со BMW и Hyundai, кои произведуваат возила со погон на водород, ценети поради нивната автономија и брзо полнење.
За научниците, кои се потпираат на работата на Меѓувладиниот панел за климатски промени, електричните возила сè уште претставуваат „најефективниот начин за дагрбонизирање на сообраќајот“.
Потписниците на отвореното писмо бараат од Toyota да ги замени своите олимписки возила на водород со електрични возила.