Toyota, Denso и SoftBank инвестираат во Uber

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонскиот производител на автомобили Toyota Motors, производителот за автомобилски делови Denso како и инвестициониот фонд SoftBank ги здружуваат силите и заедно во Uber ќе вложат една милијарда долари.

Како што се наведува во официјалното соопштение на Toyota, вложувањето во Uber е со цел да се забрза развојот и комерцијализацијата на услугите за делење на превозот на високо автоматизирани возила.

Toyota и Denso заедно ќе инвестираат 667 милиони долари, а останатите 333 милиони долари ќе бидат инвестирани од страна на SoftBank. Со реализацијата на оваа инвестиција, вкупните инвестиции во uber ќе се искачат на 7.25 милијарди американски долари.

Инаку ова не е прв пат Toyotа да инвестира во американскиот технолошки гигант. Претходно, во август минатата година оваа компанија инвестираше 500 милиони долари, а во следните три години планира да инвестира уште толку.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK