Ако сакате да купите нова Toyota C-HR може да чекате и два месеци бидејќи има доста порачки за истиот модел. Во Европа уште компанијата вложува напори за промоција на ноиот кросовер и тоа им носи успех – 80.000 резервации. А целта на Toyota е да продаде околу 100.000 возила во Европа.
Веќе 80 отсто од планираните автомобили се однапред резервирани. Според Метју Харисон, потпретседателот за продажба и маркетинг на Toyota Motors Europe годинава се очекува да се продадат меѓу 100 и 110 илјади автомобили.
Во првиот квартал од годинава Toyota продала 31.888 автомобили C-HR, со што овој кросовер влегува во конкуренцијата каде засега најдобро продаваат Ford Kuga (40.033 возила), Peugeot 3008 (37.163) и Seat Ateca (21.707). Убедливо на прво место е Nissan Qashqai со 75.144 возила.