Toyota бара полесни материјали за помала потрошувачка

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонскиот производител на автомобили Тoyota бара полесни материјали што може да ги користи при производството на новите возила со цел да ги задоволи строгите стандарди за потрошувачка што важат во САД. Џим Ленц, извршниот директот на Toyota за Северна Америка, изјавил дека алуминиумот е еден од најинтересните материјали што компанијата сака да ги користи во иднина.

„Бараме многу начини како да ја подобриме економичноста односно да ја намалиме потрошувачката на гориво. Очигледно е дека ќе бараме повеќе различни начини за користење на лесни материјали како што е алуминиумот во нашите идни продукти, изјавил Ленц.

Производството на некои делови од алуминиум што би се користеле во возилата би било доста лесно. Предизвикот е да се вградат овие лесни материјали во идните платформи на деловите.
Но, и ова нема да биде лесно за Toyota бидејќи според најавите од САД, новиот претседател Доналд Трамп планира да воведе одредени мерки и такси за користење на алуминиум и челин што не се произведени во земјата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK