Системот за предупредување за опасни продукти што не се храна од Европската комисија издаде предупредување за моделите на Toyota. Се работи за моделите Auris HV, Prius и Prius +. Тие ќе мораат во сервис на отстранување на дефектот. Сите модели што се опфатени од сервисната акција се произведени од 2014 до 2018, во зависност од возилото.
Во објаснувањето се вели дека: „ Специфични транзистори во поттикнувачкиот конвертор на IPM (Intelligent Power Modul) може да биде оштетен од висок топлотен стрес предизвикан од повторено возење под одредено оптоварување
модели на возење (на пример од застанување, со притискање на скоро целосен гас а потоа постепено дополнително забрзување до целосен гас). Ова може да предизвика исклучување на хибридниот систем и влегување во несигурен режим на работа. Како резултат на тоа, возилото може да изгуби моќност при возење со поголема брзина, зголемувајќи го ризик од несреќа.“
Земјата на производство на моделите е Јапонија, а првите предупредувања з аможни проблеми доаѓаат од Португалија. Вакви возила биле продадени и во Бугарија, Данска, Финска, Грција, Ирска, Полска, Словачка и Словенија.
Со сервисната акција се опфатени моделите произведени од 5 ноември 2014 до 6 ноември 2015 година (Prius), потоа од 3 мај 2014 до 2 декмеври 2018 (Auris HV) и од 12 септeмври 214 до 24 март 2016 (Prius +).
Секако извршената поправка оди на сметка на производителот. Ако имате вакво возило треба само да се јавите во овластен сервис.