Touran за првпат е најпродаван MPV во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Со повеќе од 112.000 продадени возила моделот Volkswagen Touran е најпродаван MVP во Европа за 2016 година. Тоа е првпат овој модел на VW да биде прв во својот сегмент.

Последната генерација на „универзалецот“ со неговите иновативни возачки помошни системи и инфомедиа системот се продава во повеќе од 40 земји во светот.

Благодарение на преклопливите седишта (може да има и седум седишта и 834 литри багажен простор) Touran е еден од најдобрите повеќенаменски возила во било која сегмент.

Volkswagen неодамна го надгради Touran со важен систем за помош на возачот при управувањето: ACC (вклучувајќи и Front Assist surroundings monitoring и City Emergency Brake). Прилагодливиот круз контрол сега може да се користи за брзини од 30 до 210 км/ч. а досега тоа беше во распон од 30 до 160 км/ч.

Со ACC и DSG, сега Touran сега се движи низ сообраќајниот метеж со користење на функцијата „stop and go“ речиси автоматски, и самиот систем речиси автономно оди од исклучување до повторно вклучување. Семејното возило сега има технологија како што е трозонска клима – Climatronic, и Car-Net Cam Connect камера систем каде со помош на GoPro камерата родителите може да следат што се случува позади за секое дете посебно, и истото да го покаже на мониторот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK