Повеќегодишната доминација на Toyota како највреден автомобилски пренд продолжува и понатаму. Според најновата студија на Millward Brown јапонската компанија иако има мал пад на вредноста, останува на првото место. Најголем скок направи Tesla чија вредност скокна за 32 отсто, на првите три места покрај Toyota, се уште и BMW и Mercedes.
Вредноста на Тоyota се проценува на 28,66 милијарди долари, иако има пад од 3 отсто во однос на претходната година.
Оваа студија ги рангира највредните 100 светски брендови од сите индустрии, а во последните 12 години Toyota дури десетпати беше прогласувана за најдобра во авто индустријата.
Успехот на Tesla е најмногу поради големите очекувања во однос на продажбата на Model 3 што треба да почне да се продава во текот на летото, а за кој модел компанијата веќе има преку 400.000 нарачки.