Топ 5 реални туристички дестинации од „Game of Thrones “

ОБЈАВЕНО НА:

После осум години и седум сезони од премиерата на серијата „Игра на тронови“ (Game of Thrones) во тек е емитувањето на последните епизоди од долгоочекуваното финале од последната осма сезона.

Големите фанови на серијалот се максимално загреани не само за хероите туку и за местата кои тие ги посетувале во текот на годините за да ги снимаат епизодите.

Од Исланд до Мароко преку Хрватска има навистина интересни дестинации кои се максимално популарни кај туристите, а петте најпопуларни можете да ги видите во продолжение.

1.Кралски Драгор – Дубровник, Хрватска

Стариот град на Дубровник е столбот на „Играта на тронови“ како Кралскиот Драгор, главниот град на Седумте кралства на Вестерос во серијата. Со огромни ѕидови на тврдината, средновековната естетика на градот се користи за снимање на втората сезона и најверојатно ќе се појави и во дел од претстојните епизоди.

За жал, ордите на навивачите кои се спуштаат во Хрватска го загрозија статусот на светското наследство на Дубровник. Како одговор, владата во 2017 година објави дека планира да го ограничи бројот на туристи од крстосувачки бродови до 4000 во исто време.

2.Змејски камен – Сан Хуан де Гастелугаче, Шпанија

Замокот во „Играта на тронови“ може да е генериран од компјутер, но чекорите не се. И тоа е доволно за да се привлечат голем број на туристи на малиот остров во Северна Шпанија.

Попознат како „Змејски камен“ на фановите од серијата, Сан Хуан де Гастелугаче е изграден како храм за Св. Јован. Посетителите сега се поклонуаат да одат по чекорите на Денерис Таргериен, која го користи замокот како база во седмата сезона.

Поради преголемиот број на луѓе, властите тука исто така размислуваат да преземат мерки за ограничување на бројот на посетителите.

3.Кралски пат – Темниот Елс, Северна Ирска

Темниот Елс изгледа точно како од романот на Џорџ Р. Мартин, но познатото место во Северна Ирска има многу помалку егзотично име во шоуто, Kingsroad, или Кралскиот пат. Тоа е патот, кој ги пресекува Седумте кралства во „Игра на тронови“ и завршува во Кралскиот Драгор.

Се наоѓа во Северна Ирска, патот е покриен со изопачени гранки на букови дрвја, кои биле засадени пред стотици години. Од октомври 2017 година е забрането автомобили да преминуваат по патот поради интензивниот сообраќај во реонот.

4.Тупаница на првите луѓе – Глечер Мирдалсјокул, Исланд

Освен што ја игра улогата на базниот капм на армијата на Ноќната стража „Тупаницата на првите луѓе“ е местото каде се спроведува важна битка во „Игра на тронови“.

Дури и за лица, кои не се фанови на серијата, глечерот Mýrdalsjökull во јужниот дел на Исланд е навистина инспиративен со своите импресивни карпи. Сепак, иако власите не ги ограничуваат туристите, глечерот седи над активен вулкан, кој одвреме навреме го запира воздушниот транспорт во Европа.

5.Јункаи – Ајт Бен Хаду, Мароко

Тоа е градот во Робскиот залив, кој е ослободен, иако само привремено од Денерис Таргариен, во оној момент кога ја купи армијата од Неопатен и им нареди да ги убијат своите поранешни господари.

Ајт Бен Хаду (Ait-Ben-Haddou) е познат како „цар“ или утврдено село во Мароко. Такви структури биле традиционалните предазиски живеалишта, а особено ова е брилијантен пример за архитекурата на Јужно Мароко.

Ако местото ви изгледа познато, можеби е така бидејќи е користено и во други популарни филмови како „Мумија“ и „Гладијатор“.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK