Топ – 20 користени возила со најмала емисија на NOx

ОБЈАВЕНО НА:

Иако сите нови еколошки норми се фокусираат на емисија на CO2, за човечкиот огранизам се значително штетни канцерогените азотник оксиди NOx.

Имено, азотните оксиди NOx кои се формираат со оксидација на атмосферскиот азот на превисоки температури во автомобилските мотори и штетно влијаат и на околината и на човечкиот огранизам. На животната средина влијае преку призмата на киселите дождови и еутрофикацијата на почвата и водата. На човечкото тело влијае низ сè почестите воспаленија на дишните патишта, зголемената стапка на симптоми на бронхитис и респираторни инфекции, како и смалувањето на функцијата на белите дробови и смалувањето на имунитетот.

Со воведувањето на еколошките норми Euro 6, дизел моторите на сите камиони и автобуси мораат да користат додаток AdBlue, кој со своето делување го претвора NOx во азот и водена пареа.

Истражувањата направени во Велика Британија од страна на тамошните медицински институции покажаа дека емисијата на азотни оксиди NOx достигна такво ниво што може да се смета за директно одговорна за 30.000 прерано загинати Британци во просек годишно.

Затоа секако е интересно да се погледне листата на ТОП 20 користени автомобили со намла емисија на NOx поделени според видот на мотори.

ТОП 10 дизел возила со најмала емисија на NOx:

  1. Audi A5 2.0 TDI 160 коњски сили (2014)
  2. Škoda Superb 2.0 TDI 150 коњски сили (2016)
  3. Volkswagen Golf SV 2.0 TDI 150 коњски сили (2015)
  4. Volkswagen Passat 1.6 TDI 120 коњски сили (2016)
  5. Volkswagen Scirocco 2.0 TDI 150 коњски сили (2015)
  6. Volkswagen Touran 1.6 TDI 110 коњски сили (2016)
  7. BMW 320d 184 коњски сили (2013)
  8. Volvo S60 2.0d 150 коњски сили (2016)
  9. BMW 220d 190 коњски сили (2014)
  10. BMW 220d 150 коњски сили (2014)

ТОП 10 бензинци со најмала емисија на NOx:

  1. Audi A1 1.4 125 коњски сили (2015)
  2. Audi A3 1.4 150 коњски сили (2015)
  3. Audi A4 2.0 190 коњски сили (2016)
  4. Audi RS3 2.5 362 коњски сили (2016)
  5. BMW Serije 1 1.5 130 коњски сили (2015)
  6. BMW X5 4.4 575 коњски сили (2015)
  7. Hyundai i20 1.4 100 коњски сили (2015)
  8. Hyundai i30 1.6 180 коњски сили (2015)
  9. Infiniti Q30 1.6 120 коњски сили (2016)
  10. Kia Sportage 1.6 175 коњски сили (2016)

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK