Луксузните автомобили треба да покажат широк спектар на квалитет. Тоа се автомобили кои избираат да возат или поверојатно, кои се бираат за во нив да бидат возени лица на висока позиција во државата. Оттаму овие автомобили треба да понудат „меко возење“ и исклучителна удобност како на предните така и на задните седишта.
Високото ниво на технологија во нив е задолжително, а системите за поврзувње, кои дозволуваат користење на лускузни машини, како мобилни канцеларии, придобиваат сè поголемо значење.
Следната класификација содржи автомобили, кои во исто време се исклучително удобни и неверојатни за возење.
10.Hyundai Genesis
Hyundai секогаш ќе биде тешко продаван во луксузниот сегмент и очекувано Genesis се радува на малиот број на продажби во Обединетото кралство.
Genesis располага со многу подобар ентериет од кој и да е друг Hyundai пред него, а нивото на опременоста соодветствува со попрестижните ривали од Германија. Автомобилот има 3,8-литарски мотор и осумстепен менувач. Genesis е амбициозен проект на Hyundai, но тој уште заостанува зад лидерите во луксузната класа.
9.Maserati Quattroporte
Со подолго растојание меѓу оските, најновиот Quattroporte е веќе голема лимузина, која влегува во силна конкуренција со Jaguar XJ, комбинирајќи ја удобноста од висока класа со спортско возење.
Ентериерот е на исклучително високо ниво, иако е еден чекор зад германските ривали во однос на квалитет и простор.
8.Lexus LS
Последната верзија на луксузната лимузина на Lexus е со далеку поголем стил од претходникот. Ентериерот делува модерно, но и луксузно, а четирите нивоа на тапацир даваат изобилство на опрема.
Во однос на динамиката, LS не е така убедлив. Има 3.5-литарски хибрид V6 и треба да работи квалитетно за да се справи со тежината на автомобилот од 2420 килограми.
Поради ова новата лимузина на Lexus заостанува зад германските ривали.
7.BMW 6 Series Gran Turismo
Големиот хечбек со пет врати е интересен избор за луксузна лимузина. BMW 6 Series GT ја има истата основа како 7 Series и независно од закосениот кров ги зачувува кренатите позиции на седиштата од 5 Series GT. Внатрешноста е пријатна и нуди одличен простор за четворица.
Моторот е со моќност од 300 коњски сили која се распоредува на четирите тркала. Иако не е така елегантен, 6 Series GT е добар избор за лускузна лимузина.
6.Jaguar XJ
Најновиот XJ е перспективен израз за заживувањето на Jaguar. Динамичноста е засилена со одлична шасија и однесување на автомобилот на патот. Кабината на XJ создава чувство за класа, која дури надминува некои од германските ривали. Сепак, во однос на чист квалитет и ниво на технологија Jaguar тешко ќе им конкурира на Mercedes, Bmw и Audi.
5.BMW 7 Series
Откако стартуваше во 1997 година, 7 Series секогаш била во сенка на S-класата, но најактуелната верзија на моделот е најдобриот обид на BMW да завладее на пазарот за висока класа автомобили, комбинирајќи адаптивна воздушна суспензија и иновативен систем за информации и забава. Луксузната лимузина се нуди како со задно така и со погон 4х4.
Внатрешноста нуди чувство за простор, интегритет и корисност, иако е многу слична на другите модели на BMW. Моторите се тивки, моќни и ефективни, а односот на патот е порецизен во однос на конкурентите иако возењето не е.
7 Series е изненадувачки добар автомобил за возење, кој заостанува зад ривалитет во однос на луксузот.
4.Audi A8
Најновата А8 располага со подобрена суспензија, подобар погон, но и повисоко ниво на технологија во автомобилот дури и од S-класата и најдобар систем за автономно возење во светот.
Има избор од еден дизел (282 коњски сили) и еден бензинов мотор со максимална моќност од 334 коњски сили. Покрај тоа новата А8 е опремена со 48V електричен систем, кој обезбедува статус на мек хибрид.
Квалитетниот ентериер се чувствува така, како да бил напрвен за да се надмине самата цивилизација, и покрај тоа што недостига елегантноста на Ѕ-класата.
3.Tesla Model S
Првото возило произведено од компанијата на пионерот на електрични автомобили, Елон Маск, Model S е машината која донесе доверба и луксуз на пазарот на електрични автомобили.
Има четири опции за батеријата, предводени од 100 кВт пакет со можност за поминување на 630 километра со едно полнење и електричен мотор со максимална моќност од 415 коњски сили.
Мodel S располага со голема, тивка и престижна кабина и масивно товарно пространство со чувство на иднината. Лимузинета не само што е луксузна и брза туку е и еколошка.
2.Range Rover
Последниот Range Rover, кој е едвај четврта генерација на моделот, е најреволуционерниот досега. Просторниот ентериер има голем квалитет и луксуз, седиштата се одлично изработени, а местото ан возачот е од највисок квалитет, што го прави ова СУВ возило најлесно за управување имајќи ја предвид неговата големина. Тешката каросерија обезбедува одлична изолација од грубата површина и иако Range Rover не ја нуди динамиката на Porsche Cayenne тој може да биде забавен за возење.
Тежината на автомобилот е мал компромис, кој треба да се направи за единственоста и луксузноста на возилото.
1.Mercedes-Benz S-Class
Кога Mercedes прави нова Ѕ-класа, идејата секогаш е да се создаде најдобрата лимузина во светот.
Овој автомобил ги остварува високите очекувања и е функционално исклучителен. S-Class претставува седан со долга база на возење, обезбедено од воздушна суспензија со адаптациски амортизери. Таа е проектирана да се движи тивко, удобно и прецизно. Постои избор од три бензински и еден дизел мотор со 9-Tronic Plus деветстепен автоматски менувач.
Ентериерот е изработен извонредно и во исто време е погоден и опремен со високо ниво на технологии, вклучувајќи 12,3 инчен екран и стандарден систем Mercedes Comand Online.