Fiat Tipo дефинитивно е една успешна приказна. Можеби не го повтори успехот на Fiat 500, но сепак фактот што од 2015 до денес се продадени над 500 илјади автомобили, што многу повеќе од конкуренцијата говори за успехот на овој автомобил.
Иако Маркијоне, пред неговата смрт минатата година изјави дека FCA не вложува многу очекувања во овој модел, сепак последните продажни резултати придонесе да FCA заедно со турски Tofas потпишат нов договор според кој следната година ќе се појави редизајн на овој модел.
Турските и италијанските медиуми повикувајќи се на сигурни извори тврдат дека двете компании потпишале анекс според кој Tofas до следната година ќе вложи 200 милиони евра во истражување, дизајн, развој и подобрување на фабриката се со цел да во следната, но не подоцна од 2021 година го лансира подновеното Fiat Tipo.
Според новиот план, до крајот на 2024 година се очекува да бидат продадени 1.45 милиони Tipo автомобили и тоа во сите изведби: седан, хечбек и караванска. Дури се шпекулира дека во овој период ќе биде лансиран и SUV изведба која ќе се базира на Fiat Tipo, но засега сето тоа е на ниво на шпекулација.
За потсетување, моделот Tipo кој во Турција и Блискиот Исток се продава под називот Egea, е лансиран во 2015 година во соработка помеѓу Fiat и Tofas, а како наследник на Fiat Linea. Се произведува исклучиво во Бурса, каде се произведува и моделот Dodge Neon кој всушност е Tipo, но во Северна и Латинска Америка се продава под овој бренд.