И тоа го дочекавме: Roborace – трка на автономни болиди

ОБЈАВЕНО НА:

Во време кога се зборува за тестирање на автономните возила и се очекува нивното целосно вклучување во сообраќајот, „лудницата“ со возила без човек што ќе управува полека се префрла и на тркачката патека. Првата Roborace трка на автономни болиди се одржи пред трката на електрични болиди Formula E Paris ePrix.

Ова е руска иницијатива во партнерство со Formula E за да се покаже развојот на првата тркачка серја без возачи. На неколку трки сезонава Roborace тестираше болиди познати како DeBot што вклучува кокпит во кој има човечки возач кој би можел да помогне во развојот, но сега се работи за целосно автономно возило.

Robocar се појави на патеката набрзо по крајот на првиот слободен тренинг, и извозе еден круг со мала брзина. Целта била да се види како ќе се движи болидот, особено на некои свиоци. Било утврдено дека е премногу блиску до заштитната ограда што не е добро за безбедноста.
Возилото има зададено линија на движење, а зад него сепак се движело друго возило од безбедносни причини.

Конечната презентација на Robocar треба да биде викендов во Париз

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK